Во време на ВМРО-ДПМНЕ домаќинствата се исклучуваа од парно греење, а државата ги принудуваше да плаќаат паушал иако не ја користеа услугата. Денес, кој не се грее на парно не плаќа за тоа, а државата го намали ДДВ за парно од 18% на 5% со што ги враќаме корисниците.
Извршителот Мицкоски знае да ја качува само цената на струјата, тој не знае да качува плати! Во време на ВМРО-ДПМНЕ, односно за време на директорувањето на Мицкоски со ЕЛЕМ и во време кога тој беше и советник и извршител на Груевски, цената на струјата порасна за 100%. Енергетската политика на извршителот Мицкоски ја укина евтината тарифа на струјата. ВМРО-ДПМНЕ во 2017 беше против враќање на евтината тарифа. Во време на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, домашното производство на електрична енергија падна за 25%, а увозот се покачи за 38%. Денес, Електрани на Северна Македонија извезува струја и има добивка од 80 милиони евра кои се вложуваат во еко инвертери за домаќинствата, напиша Марјан Забрчанец, на својот Фејсбук профил.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ домаќинствата се исклучуваа од парно греење, а државата ги принудуваше да плаќаат паушал иако не ја користеа услугата. Денес, кој не се грее на парно не плаќа за тоа, а државата го намали ДДВ за парно од 18% на 5% со што ги враќаме корисниците.
Владата додели дозволи за 35 мегавати нови фотоволтаични електрани за кои не плаќа никаква тарифа, а Електрани на Северна Македонија се пред почеток на изградба на нова електрана во стариот рудник во Осломеј од 10 мегавати.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ за 11 години се изградија само 18 мегавати фороволтаични електрани, за кои 20 години ќе плаќаме вртоглаво високи цени на енергијата.
Христијан Мицкоски е најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ, тој ли ќе качува плати?
СДСМ за само две и пол години ги крена платите повеќе отколку што ВМРО-ДПМНЕ го направи тоа за 7 години. Платите во време на СДСМ растат три пати побрзо.
ВМРО-ДПМНЕ ја држеше минималната плата на 9000 денари, а сега е 14.500. Тие ли ќе креваат економија?
ФБ објава на Забрчанец