“Тесла е најголемото ср*ње кое некогаш сум го видел”

Инженерот на Форд бил сурово искрен кога зборувал за моделите на Тесла автомобилите.

Еден од инженерите на Форд преку социјалните мрежи ја критикувал “Тесла” поради лошиот квалитет на возилата и недостигот на безбедноста во истите, но подоцна ги избришал своите коментари.

Човекот прво објаснил дека работи за Форд на лансирање на електричната верзија на Мустанг и додал дека тоа е само негово мислење, а не мислење на Форд, пренесува B92.

“Како прво, ја сакам Тесла и се што направија во тој свет. Искрено, нивните инженери се најлоши на светот, а автомобилите се најголемото ср*ње што го имам видено. Нивната батерија и електроника е врвна и можеби наскоро ќе ги праќа луѓето во вселената, но логистички е ужасна. Сум расклопил многу возила и кога го отворив Модел 3 имаше некои отштрафени шрафови и тоа блиску до чувствителни компоненти, не знам како тоа минало крај регулаторите, го почнал тој своето излагање.

Потоа продолжил “по старо”.

“Мислам дека мора да продолжат да работат на развивање на платформата. Бидејќи тоа е дефинитивно начинот на кој ќе се работи во иднина, но прво мора да ги постават деловите таму каде што им е местото. Во оваа платофрма се вложуваат милијарди долари и Тесла се обидува да ја крене бариерата со секој нов изум. Тоа е една од причините поради кои компаниите се здружуваат, бидејќи никој не сака шест години да развива платформа и поради тоа да изгуби на компетитивноста”.

- Реклама -