Техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска одржа прес конференција на која кажа дека во рамки на своите надлежности ќе направи се за исправување на „неправадата“ која им е нанесена на Децата без родители. При тоа на новинарите во очи им падна таблата зад министерката на која јасно се гледа дека сега пишува Република Македонија, министерство за труд и социјална политика. Тоа значи дека за ова министерство повеќе не сма Република Северна Македонија.