Статус на Ивор Мицковски:
,,После серијата изјави, меѓу која и завршната на Тито Петковски околу одлагање на распуштање на Собранието и негово условување со Законот за ЈО, дефинитивно на владејачката коалиција и се бега од избори.
Јасно е како ден дека и кога се договорија знаеја за Законот за ЈО и можеа да го постават како услов. Но, тогаш појаки беа на вилици во генерално погрешната идеја и стратегија да се оди на предвремени.
Ваквите настани и изјавите пак на Џафери ни откриваат уште една позадина. Дека односите меѓу ДУИ и СДСМ се во ужасна состојба и дека ДУИ смета, односно знае, дека може да извлече подобар резултат за себе, отколку СДСМ за целата коалиција.
Конечно, треба да се земе уште една индиција во предвид. ДУИ отворено им опонира на позициите на Заев, што кажува дека неговиот кредибилитет како иден мандатар е опасно еродиран, речиси изгубен, и може да се случи воопшто да не биде иден мандатар, се разбира ако воопшто направат подобар резултат, а во случајов реалноста не личи таква, и покрај историски најголемиот предизборен поткуп, при историски најголем и најнеодржлив буџет.
Па на ВМРО им направивме Отпор за помал буџет и помало иживување со народните пари.”