Албанија нема да „застане пред вратата на Европа и да плаче“ за таа да се отвори, изјави премиерот Еди Рама за АФП, потенцирајќи дека земјата мора да се фокусира на сопствената иднина, додека Брисел ги разрешува трнливите прашања во врска со процесот нза проширување. .
Албанија се надеваше дека ќе добие зелено светло за да ги започне преговорите за влез во ЕУ во октомври, но Франција, Данска и Холандија ставија вето. Понудата за соседната Македонија исто така беше ставена во мирување поради отпорот главно од Париз, потсетува АФП.
Француското „не“ налути многумина на Балканот и во Унијата каде повеќето земји-членки сакаа да ги наградат двете земји.
„Не очекувам ништо“, изјави Рама, сликар и поранешен кошаркар, за АФП во интервјуто.
„Треба да ги напоравиме работите што треба да се направат“ без оглед на одлуките во Брисел, рече тој, додавајќи дека земјата не може „да продолжи да живее со оваа вознемиреност да чека за нешто што не е во нашите раце“.
„Нема да затанеме пред вратата на Европа и да плачеме“, вели Рама.
Албанскиот премиер вели дека внатрешните реформи на ЕУ се далеку од контролата на Тирана, иако „за нас е важно и Европа да се промени“.
Европа „страда, не работи како што треба, тоа е јасно“.