Кондовецот Агим Красниќи, осуден во 2008 година на 15 години затвор, во понеделникот не се вратил од викенд отсуството во Штипскиот затвор, каде што ја одлежува казната. Директорот на Штипскиот затвор Мики Тодоров за државната агенција МИА изјави дека сите надлежни институции се известени, Управата за извршување санкции, судот и полицијата, па Красниќи сега и официјално се води како бегалец.
Како што кажа Тодоров, тој со години користел отсуства за викенд и секогаш се враќал во затворот, па немало никакви индиции дека по ова викенд отсуство нема да се врати во затвор.
Красниќи е осуден за злосторничко здружување и поседување оружје и други кривични дела.