28 од 127 контејнери со италијански смет кои пристигнале во пристаништето Варна ќе бидат вратени, пренесуваат бугарски медиуми.
Дел од контејнерите пристигнале во пристаништето од 9 октомври до 25 ноември 2019 година.
За увозот на контејнери за отпад од Италијасе води судска парница во Окружното обвинителство во Варна.
Мешаното ѓубре – пластичен отпад, гума и отпад од текстил, стакло и дрво, ќе биде вратено на испраќачот – италијанската фирма „Дентиче пантелоне“ од градот Салерно.
Примател на 127 контејнери е фирмата „Блацион“ ООД, која е регистрирана во Софија, а во која уддел имаат двајца македонски државјани.