Pусија ја затвори границата со Kина поpади коpонавиpусот

Русија ја затвори границата со Кина поради коронавирусот додека повеќе земји ги изолираат во карантин своите државјани кои ги евакуираа од кинескиот град Вухан, од каде што и почна вирусот од кој досега починаа 170 луѓе.

Рускиот премиер Михаил Мишустин рече дека неговиот кабинет денеска донел одлука веднаш да биде затворена границата меѓу двете земји која е петта најдолга копнена граница во светот. Тој додаде дека навремено ќе ги информираат сите за мерките поврзани со затворањето на границата и за другите владини мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Мишустин нагласи и дека во Русија досега нема регистрирано заболен од овој вирус.

Коронавирусот се шири низ цела Кина, досега 170 починати
Инаку, со потврдениот случај во Тибет денеска коронавирусот се прошири во секој регион на Кина. Потврдени случаи досега има во најмалку 16 земји, а кинеските здравствени власти соопштија дека повеќе од 7700 случаи се потврдени на нивна територија.

- Реклама -