Ванковска: Ова го немало ни во комунизмот

Билјана Ванковска: ,,Божемното синдикално организирање на универзитет добива пропорции на принуда. Ако не можат (сите) професори да ги натераат, се командува со административниот и помишниот персонал.

Повеќето факултети си клекнале на брашно, веднаш се конституирале за “Синдикат 10%”, однапред договорено кој каква позиција ќе земе.

Од вчера сум толку вознемирена и разочарана: власт да ти наложи синдикално организирање, за да те купи за 10% од буџетски/наши средства, пред избори – и со пари обезбедени со секојдневно задолжување на нацијата.

Командировка и дебтократија какви што немало ни во комунизмот! Но, си заслужуваме се’ што ни се случува. А вие чекајте интелектуалците да ви бидат лидери… тие се зафатени со 10-те отсто со платата за јануари!

(Појаснување: тие 10% за редовен професор на УКИМ се околу 3.500 ден, за чистачка 1000 ден; на пример, на ДУТ ќе добијат трипати повеќе од нас – со други зборови, СИСТЕМ НЕМА, а не’ купуваат на ситно и на “парче” – најелитниот УКИМ е на дното, се продава за најмалку пари.)

И пак си мислам: Билјано, доста ти е да бидеш соучесник, уште 1,5 година и оди си во пензија!

- Реклама -