Над 35 милиони евра државна помош се доделени на 200 приватни компании. На 45.000 вработени минатиот месец покачена им е платата преку мерката за субвенционирање на придонесите.
Ова вечерва го напиша Заев на Фејсбук.
– За 5.500 денари е зголемена минималната плата од почетокот на мандатот на Владата предводена од СДСМ. За СДСМ сите граѓани се важни. Граѓаните ги препознаваат политиките кои значат подобра иднина за сите, напиша тој.