ПР кампањата на СДСМ – „30 прашања со…“ си доби и пародија од „Фчерашни“. Во ова издание, на два-триесет прашања одговара уредникот Номче (Бранко Огњановски, нели). Дел од одговорите се оригинални, но дел се исто така пародија на дел од одговорите што ги дадоа Царовска, Спасовски, Шекеринска и Костадинов.
На пример, најтешкиот дел од работата на Номче му е „носењето одлуки“, а омилен спомен од детството му е кога го спасил „тоа чyпeто од 7мо одделение што на една екскурзија низ Југославија пaднaло во Плитвичките езера“. „Некои луѓе уште ме кoлнaт за таа работа“, додава Номче. Ако не ви е јасно, ѕирнете на ЛИНКОВ, а ако знаете на што алудира, терајте со видеото: