Некој од МВР решил да одмори очи од политиката и полициcките работи, па на Инстаграм заследил профил со фотогpaфии од ceкcи дeвojки. Останува мистерија само тоа дали намерно или случајно тоа го направил од службениот Инстаграм профил.
Како и да е, на забавата можеби ѝ дојде крајот, откако корисници на друштвените мрежи открија со што се занимава администраторот на профилот во слободното време. А не им беше тешко. Профилот на МВР го следат околу 4.130 корисници, МВР следи само два Инстаграм профила: тој на Оливер Спасовски и „рhоtоѕ.оf.girlѕѕѕ“.
За волја на вистината, профилот на МВР не е верификуван, а и на официјалниот сајт на МВР стои дека немаат официјален профил на Твитер и Инстаграм, но од друга страна е мошне активен и редовно споделува објави, меѓу кои и за активностите на техничкиот министер Наќе Чулев. Последната објава, на пример, е од вчера, и е честитка од МВР по повод празникот Богојавление.
Алал да му е на тој што го води инстаграм профилот на МВР. 😂😂😂 pic.twitter.com/XTq2B9xMzE
— DonDDiablo (@MKDDiablo) January 20, 2020