За да се смири тензијата, свештениците на крајот одлучија на најсреќниот да му ги доделат наградите кој му следуваат од црквата, ама не дадоа благослов крстот да биде носен по штипските домови.
Бидејќи настана еден немил настан, затоа предложивме се додека се смират луѓето оваа година крстот да остане во црквата, а догодина ако се средат работите, како и годините наназад, крстот повторно ќе биде низ градот. Бидејќи крстот ќе биде во црквата, сите верници кои сакаат ќе можат да дојдат и да се поклонат во црквата и да го целиваат крстот во соборната црква „Свети Никола”, изјави г. Иларион.