ВИДЕО: Трипуновски ли е, Груевски ли е?

Со личен снимател дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска проверуваше дали сите вработени во подрачната единица на министерството во Берово, се на работните места. Вакви снимања во минатото правеше и експремиерот Никола Груевски кој заедно со снимател, фотограф и озвучен со микрофони проверуваше до каде е изведбата на градежни работи.

Од видео-материјалот кој го дистрибуираше до медиумите, а го објави и на социјалните мрежи, се гледа како упаѓа во канцеларии, а се соочува и со реакции поради тоа што без дозвола ги снима вработените.

„Се работи? Плачат земјоделциве нешто. Велат односов на подрачнава, нешто од високо…“, почнува да објаснува Трипуновски, на што вработениот реагира „А снимањето, вака што упаѓате?“, на што замник-министерот одговара „Снимањето јас го нарачав, тој ми е мој човек. Ова се службени простории, јас сум дополнителен заменик-министер“.

Триуповски во останатиот дел од видеото оди и во други канцеларии, каде ги снима вработените, прашувајќи дали земјоделците се задоволни од работата на подрачната еднициа, а откако добива позитивен одговор, тој ги кара вработените велејќи им дека има забелешки за нив. Трипуновски им посочи дека мора да се работи според законите, а да се постапува согласно потребите на граѓаните.

Името на Цветан Трипуновски, кој е нов заменик-министер за земјоделство, ѝ е познато на јавноста. Последно, неговиот глас се слушаше во снимката до која дојде „А1он“, а во која Трипуновски заедно со општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги организираат протестите на земјоделците во Тиквешкиот Регион. На протестите што ги организираше, одеше и самиот Трипуновски, а присутните го исвиркуваа актуелниот министер Трајан Димковски. Тој се споменуваше како кандидат за министер за земјоделство доколку на минатите избори победеше ВМРО-ДПМНЕ. Трипуновски беше дел од претседателството на Комисијата за земјоделство кога претседател на партијата беше Груевски.

https://www.facebook.com/tripunovskicvetan/videos/179506756774099/

- Реклама -