Ордановски: Заев беше во Цариград во својство на политичар кој решава проблеми

,,На вчерашното прашање на ВМРО-ДПМНЕ „во кое својство бил Заев на средбата со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето на Цариградската Патријаршија во Истанбул?“, одговорот би можел да е релативно едноставен: бил во својство на политичар кој решава проблеми, пишува Сашо Ордановски за порталот Фронтлајн.

Концептот на политичари кои решаваат, наместо само да создаваат проблеми, не е многу популарен во балканската, а и македонската политика. Напротив, овдека тој фрустрирачки модел на нерешавање проблеми дури оригинално и се унапреди: прво се создаваат проблеми, кои потоа, оние кои ги создале, од процесот на нивното неуспешно решавање градат сопствени кариери, и тоа го прогласуваат како голем политички успех!

На пример, во меѓуетничките односи, такви политичари кои постојано измислуваат, за потоа „херојски“ половично да ги решаваат проблемите, има со лопати да ги ринете.

Со „појавата“ на Заев, политичкиот естаблишмент во државата, особено оние од некогашната власт, а денешната опозиција – но, и не само тие – прво, во неверување, се вчудовидуваа, а потоа останаа комплетно одземени, шокирани! Како некаква струмичка мамба да ги апнала! Како е можно толку проблеми да се решат, за така релативно кратко време – се прашуваа унезверени улежаните политички елити, очајни во сопствената заглавена историска перспектива?!…”

Целиот текст прочитајте го на Фронтлајн

- Реклама -