Оваа година ќе се прави проектот и ќе се купуваат некои од 20тината реквизити за забавниот парк „Светот“ што лани го претстави Петре Шилегов. Градот Скопје во буџетот за 2020 предвиде околу 1,5 милион евра за проектирање, изградба и набавка на реквизити, а за истото ќе се земат кредити од 2,5 милиони евра.
Архитектите и урбанистите реагираа дека на ваков грандиозен забавен парк не му е местото во централниот парк оти очекуваните 3.000 посетители дневно ќе го затнат сообраќајот. Според ДУП-от за Центар, кај бараките каде сега е сместена градската администрација е предвидена монтажна катна гаража. Но, за стручната јавност и ова решение е спорно оти ќе се оптовари булеварот „Илинденска“.