Историски успех на „Медена земја“: Македонскиот документарец со две номинации за Оскар!

Официјално е! Американската филмска академија го номинираше документарецот „Медена земја“ (Honeyland) на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов за најпрестижната филмска награда, и тоа во две категории: за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Ова е првпат во историјата на македонската кинематографија еден филм да биде номиниран во две категории за „Оскар“. Последен пат стискавме палци во 1995 година, со „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, а претходно само уште еднаш, со документарецот „Дае“ на Столе Попов, пред точно 40 години.

Церемонијата на доделување на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари.

 

 

- Реклама -