„Дај Боже оваа година да слушаме само убави вести и да се среќаваме по убави поводи, посака претседателот Стево Пендаровски денеска по Божиќната литургија во црквата „Свети Ѓоргија“ во Охрид, каде присуствуваше заедно со својата сопpyга.
Пендаровски им го честита празникот на православните верници во земјата и им посака празничните денови да ги поминат со своите најблиски и своите семејства во мир, спокој и радост. Пендаровски на сите граѓани на земјата им посака поспокојна, побериќетна и поубава година од минатата и изрази надеж дека секој напредок на личен план на секој од граѓаните ќе значи и напредок на целата заедница и целата држава.
Во разговорот со новинарите, Пендаровски откри и каде се паднала паричката во неговиот дом вчера на Бадник. Кpшењето на лепчето било регуларно, не било намecтено, потенцираше претседателот откако соопшти дека токму тој бил среќникот.
„Оваа година заедно со моите најблиски, со моето семејство, ќе продолжиме да веруваме во вистинските вредности, со почит кон другите, солидарни кон останатите и да се трудиме да бидеме подобри луѓе“, рече Пендаровски.