Само минатиот месец граѓаните скенирале 12,5 милиони фискални сметки, што е за над половина повеќе од вообичаено, информираат од Министерството за финансии.
-Резултатите од наградната игра Мој ДДВ #МојаНаграда се и над очекувањата. Во периодот од јули до ноември минатата година, просечно месечно скенирани се по осум милиони фискални сметки. Сега, само во декември, скенирани се 12,5 милиони фискални сметки, односно постои раст од над 53 проценти, информираат од министерството.
Според нивната евиденција, во периодот од 15 до 31 декември скенирани се осум милиони фискални сметки, односно во 15 дена се скенирани онолку сметки колку што во претходниот период просечно се скенирале во текот на цел месец.
Во продолжение да ве потсетиме дека исплатата за второто тримесечје ќе стартува во февруари 2020 година.