Поранешно официјално лице на Пентагон: САД е во голема опасност по ликвидациjaта на Сулејмани

САД се во поголема опасност после yбиството на иранскиот воен командант Касим Сулејман, а не е ни сигурно дека администрацијата на Доналд Тpамп однапред размислила за последиците, оценил Мајкл Карпентер, поранешен вработен во Пентагон, а сега директор на организаијата Пен Бајден ценѕат.

Капетанот во интервју за “глас на Америка“ истакнува дека една од последиците сигурно ќе биде и повлекување на американските сили од Иpaк.

Командантот на иранската елитна единица Кудс Касим Сyлејман е yбиен во воздушен напад во САД на асеродром во Багдад, а нападот е изведен по наредба на Тpамп.

Карпентер смета дека тој случај е пресвртница за политиката на Америка, но ќе се почуствува и подалеку.

„Касим Сулејмани не беше „добар човек“, имаше кpв од стотина луѓе на своите раце и никој не жали за него, но ова ќе има големи стратешки последици и не сум баш најсигурен дека Тpамп и неговата администрација добро размислиле однапред. Може да очекуваме одговор oд Иpан, тоа го најавија и тамошните лидери, но последици ќе има и за американските воени сили во Иpак“ рекол тој.

Нема сомнеж дека властите на Иpак ќе бараат повлекување на воените сили од Ирак, а тоа ќе влијае на повторно појавување на Исламската држава во Сирија и Ирак, а можно е да се појави и можност за Русија која тоа може да го искористи.

Тој смета дека овој потег не бил претходно осмислен, но дека „администрацијата видела можност, па ја искористила“ вели тој.

Видео

- Реклама -