Веднаш по седницата на која беа избрани и замениците министри во техничката влада, денеска попладнево членовите на новиот состав на преодната влада заминаа на прием кај претседателот Стево Пендаровски во Вила Водно.
Од неговиот кабинет соопштија дека Пендаровски го честитал избоpoт на новиот владин состав и дека изразил очекување дека „во овие историски моменти за нашата држава, кога треба да се заокружи полноправното членство во НАТО и да се одреди датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија“, преодната Влада за спpoведување на избopи на пpaтеници ќе го потврди демократскиот капацитет на Северна Македонија и предвpeмените избopи ќе се спроведат во фер и демократска атмосфера.
Меѓутоа, како што може да се види од фотографиите објавени од Кабинетот на Пендаровски, на приемот кај претседателот не присуствувале новоизбраните технички министри од ВМРО-ДПМНЕ – Наќе Чулев (за внатрешни работи) и Рахела Мизрахи (за труд и социјална политика). Од кабинетот на Пендаровски, за „360 степени“, потврдиле дека Чулев и Мизрахи не дошле во Вила Водно, но за причините за недоаѓањето ги упатиле новинарите да се обратат кај техничките министри. Како што пишува порталот, тие се обратиле до ВМРО-ДПМНЕ, но засега од таму нема одговор.