Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар” (ПОЦ) донесе Одлука за усвојување на новиот Ценовник на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта со кои стопанисува. Со новиот ценовник, со почеток од 8 јануари 2020 година, цените за паркинг за 1 час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува ПОЦ ќе се покачат за 20 денари.
Целта на ваквата мерка, велат од ПОЦ, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје, со цел да се реши проблемот со паркирањето и да им се овозможи на жителите на општината полесен и побезбеден пристап до нивните домови. Како што е објаснето во соопштението, во Општина Центар живеат повеќе од 45.000 жители кои секојдневно се соочуваат со сериозен проблем со паркирањето и поминуваат по неколку часа во нивните автомобили барајќи слободно паркинг место.
Со ваквата одлука, која едногласно била изглacaна од советниците на Општина Центар од сите пoлитички пapтии, ќе се подобрат и генералните услови за живот на жителите на општината, со тоа што ќе се ублажи и проблемот со aepoзагадyвањето. Во таа насока, ПОЦ апелираат до сите граѓани кои не се жители на општината, да ги остават своите автомобили и наместо тоа да го користат градскиот и алтернативниот превоз, како велосипеди, електрични тротинети и сл.
Покачувањето на цените се однесува само на паркинзите со наплата. Цените за месечен билен, дневна паркинг карта и останатите услуги на ПОЦ остануваат исти. Жителите на Општина Центар и натаму ќе можат бесплатно да ги користат комерцијалните паркиралишта и монтажните гаражи со кои стопанисува ПОЦ.