Елон Маск планира тунели само за електрични автомобили

Елон Маск има план да направи тунели под големи градови. Оваа идеја бавно напредува, но сопственикот на Tesla останува посветен на планот.

„Супербезбедни, отпорни на земјотреси, тунелите под големите градови би го решиле проблемот со сообраќајниот метеж“, вака Маск ја опиша неговата идеја.

Тој направи анкета на оваа тема, со одговори „дефинитивно“, „можеби“ и „не, сакам метеж“, во која учествуваа речиси 1,5 милион луѓе.

Маск дополнително објасни дека тунелите ќе бидат наменети само за електрични возила бидејќи клучно е да нема испуштање на токсични гасови во тунелите.

Маск веќе гради еден тунел во Лас Вегас кој планира да го заврши следната година, во кој автономни возила ќе пренесуваат возила со брзина од 250 км/ч.

- Реклама -