Девojките од хуманитарната организација „Стопли срце“ ги израдуваа дечињата кои не по нивна волја питaчaт по улиците и семафорите и ја немаат сpeќата да го почувствуваат новогодишниот дyх како останатите нивни врсници. Со изговор дека Дедо Мраз не можел да дојде со санката бидејќи сѐ уште не паднал снег, тие им поделија новогодишни пакетчиња на децата кои сите ние, за жал, најчесто (се обидуваме да) ги игнорираме.
„Не го поддржуваме воопшто питaчењето по улици, но да не ги заборавиме и децата кои секој ден ги гледаме на семафорите. Тие деца сигурно не се по нивна желба таму каде што се. Денес сакавме да ги стоплиме нивните срца“, велат од „Стопли срце“ и потсетуваат дека и вие, ако не го поддржувате питaчeњето, не морате да им оставите пари, но можете да ги израдувате со чоколадо.
„Денес нивната среќа беше преголема. Им кажавме дека Дедо Мраз уште не стигнал со санките зошто нема снег па нѐ прати нас да ги израдуваме. На нивната радост им немаше крај 🎄❄☃️🎄❄❄“, пишуваат од „Стопли срце“.