Пендаровски ви пожелува правна држава, НАТО, преговори со ЕУ и воздух за дишење во новата 2020-та (ВИДЕО)

Претседателот Стево Пендаровски упати новогодишна честитка до граѓаните. Тој порача дека сите сме едно големо семејство и посака мир и благосостојба, здравје, среќа и почит во, како што рече, нашиот заеднички дом – нашата заедничка држава. Граѓанското помирување, како што рече, може да се постигне само на основата на правдата и правната држава и еднаквост пред законите. Пендаровски го посочи и проблемот со aepoзагадувањето, како клучен за здравјето на граѓаните. Како најважен го истакна проблемот со иселувањето на младите, поради што им порача на политичарите со двојно поголем ангажман да работат за демократска држава и слободно, хумано и солидарно општество.

- Реклама -