Скопјани, но и другите гости од земјава и од регионот, кои утревечер Новата 2020 година ќе ја дочекаат на градскиот плоштад „Македонија“, каде ќе ги забавува балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин, ги очекува спектакуларно и уникатно шоу вредно за паметење, велат од Град Скопје, од каде упатуваат покана до сите граѓани да бидат дел од забавата.
А забавата ќе ја отворат музичките групи „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“, со почеток во 20:30 часот. За одбројувањето, секако, ќе биде задолжен Дино Мерлин.
„Дојдете да се забавуваме и заеднички, во добро расположение да ѝ посакаме добредојде на новата 2020 година. 🎄🎅❄️⛄️🎇🎉 “, повикуваат од Град Скопје.