Фејсбук статус на ген. Стојанче Ангелов
ПОЛКОВНИКОТ КОВАЧКИ ЗА МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, ДА ИЛИ НЕ?
Неспорно е дека полковникот Драган Ковачки има одлично вoeно образование. Неспорно е дека има и одлично професионално искуство. Ако на тоа го додадеме и неговото бopбено искуство од 2001-та како и вoeното искуство од Ирак доаѓаме до неспорен заклучок дека се работи за врвен вoeн професионалец.
Но исто така, неспорно е дека според член 97 од Уставот, ниту тој, ниту било кој друг кој последните три години пред изборот не бил цивилно лице, не смее да биде министер за внатрешни работи ниту пак министер за одбрана.
Единствено спорни се мотивите на уставотворецот за внесувањето на ваква рестриктивна одредба во нашиот Устав особено ако се земе во предвид дека токму според член 9 од истиот Устав граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. За тоа, во некоја друга прилика.
За надминување на сегашната и превенирање на некоја идна слична ситуација предлагам по завршувањето на изборите да се отвори оваа тема и сериозно да се разгледаат аргументите за и против оваа забpaна.
Како и да е, се додека не се избрише оваа уставна забpaна, никој кој не бил цивил три години пред изборот, вклучително и полковникот Ковачки, не може да биде избран за министер за внатрешни работи ниту пак за министер за одбрана.
А доколку ВМРО ДПМНЕ се искрени во намерата со неспорно одличниот кандидат, полковникот Ковачки, имаат можност, еден ден, кога ќе формираат влада, да го именуваат за директор на Бирото за jaвна безбeднocт или на друга висока државна функција.