Работа на Алјаска, можат да аплицираат и македонските граѓани – се заработува и до 20 илјади долари за 3 месеци

Од 2020 година, и македонските граѓани ќе може да аплицираат за работа на Алјаска. Првата група работници од земјава заминува во јануари 2020 година, а веќе е во тек повикот за пријавување за летна сезона.

Преработката на риба на Алјаска е нова можност за добра и брза заработка за македонските граѓани. Во изминативе години работата на Алјаска станува сѐ попопуларен начин за „брза“ заработка – за 3 месеци може да се заработат од 10 до 20 илјади долари, во зависност од сезоната на улов на риба.

Времетраењето на програмата може да биде од еден до пет месеци (во зимска или летна сезона). Зимската сезона се спроведува од јануари до април, а летната од мај до октомври.

Работата може да биде тешка, но истовремено е и уникатно искуство со одлична заработка. „Работното време“ зависи од количината на уловена риба, а кога уловот е задоволителен, може да се работи и по 16 часа дневно.

Овие фабрики ја обработуваат рибата од моментот кога пристигнува во фабриката сè додека не се преработи, без оглед дали е замрзната или конзервирана. Во оваа смисла, учесниците најчесто вршат задачи поврзани со сортирање риби, сечење, чистење, одвојување икра, филетирање, пакување, пренесување на пакувани производи во ладилници, конзервирање и слично.

Сместувањето е обезбедено од страна на работодавачот и е од колективен тип со одделни женски и машки делови во близина на фабриката, а кантина е веднаш до фабриката.

Одредени работодавачи нудат бесплатно сместување и храна. Сепак, максималниот трошок за сместување со обезбедена храна (3 топли оброци и вклучени закуски, кафе и чај) изнесува 15 УСД на ден.

Во зависност од компанијата како и од тоа дали учесникот работел претходно за истата компанија, платата е различна. Минималната плата изнесува $12.18 на час, а прекувремената работа изнесува $18.28 на час. Прекувремената работа се смета секој час изработен по 40 часа во една работна седмица или секој изработен час по 8 часа доколку се гледа на дневна основа. Повеќе прочитајте ТУКА.

- Реклама -