Турција го претстави првиот домашен електричен автомобил

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган прв изврши преднарачка за турскиот домашен електричен автомобил на свечената промоција на прототипот на возилото.

„Денес сме сведоци на остварувањето на 60-годишниот турски сон. Нашиот сон беше да имаме автомобил произведен со домашна технологија, кој ќе го носи нашето име во светот. Баравме храбри луѓе да го направат тоа и сега ги имаме“, кажа Ердоган.

Тој додаде дека фабриката ќе биде изградена на земјиште со површина од еден милион квадратни метри, кое ѝ припаѓа на турската војска во Бурса, и истакна дека Турција ќе го спречи секој обид да се попречи производството на автомобилот.

„Успеаја да го спречат производството на „деврим“, но овој автомобил нема да можат да го спречат“, кажа Ердоган.

„Предвидено е целосно електричниот автомобил да има две конфигурции на моторот: од 200 коњски сили или 400 коњски сили. Производните погони треба да бидат завршени во 2021 година, а првиот автомобил ќе биде произведен во 2022 година“, наведе Каракаш.

Се очекува во погоните да бидат вработени околу 4.500 луѓе, вклучувајќи 300 квалификувани кадри. Електричниот автомобил ќе се произведува во пет различни модели во количество од 175.000 парчиња годишно. Автомобилот ќе има радиус од 500 километри и литиум-јонска батерија од домашно производство која, според медиумите, ќе може да се наполни до 80 отсто за помалку од 30 минути.

- Реклама -