По 50 евра награда за секој донесен работник од Македонија, плаќаат Хрватите, раскажуваат нашинците кои заминале на работа во оваа земја, пренесува „Фактор“. Се бараат градежници, келнери, готвачи, и други профили низ цела Хрватска, а најголема потреба од работници има во приморските градови. Месечно може да се заработат по 1.000 евра, но се нуди и платено сместување, храна, како и покриен превоз во еден правец.
Додека работел во приватна фирма во Македонија платата често му доцнела, па решил да замине во Хрватска. Задоволен е од условите кои ги има таму, а во меѓувреме со себе понел уште тројца, вели млад градежник од внатрешноста на Македонија. Вели дека Хрватска е преплавена со работници од БиX, Србија и Косово, бидејќи во оваа земја заработуваат и дупло повеќе отколку дома. Тоа им е овозможено од Хрватите, кои заминуваат во Германија да работат за тројно поголема плата.
Извесна Лидија Т. во Хрватска престојува и работи заедно со своето семејство. Вели дека условите се подобри, но додава и дека таму сте ценети прво како човек, а потоа и како работник. Целата статија на „Фактор“.