Елените се враќаат на Галичица: Пристигнаа првите жители на новиот репpoдуктивен центар (ФОТКИ)

Проектот за враќање на елените на Галичица е во завршна фаза. Првите елени веќе пристигнаа во Националниот парк „Галичица“. Нивното ново живеалиште ќе биде репродуктивниот центар со површина од 80-тина хектари, изграден специјално за оваа намена. Ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а опремен е со модерна инфраструктура: каpaнтин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.

Проектот е вреден 340.000 евра, а го финансира Европската унија во рамки на „Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја”. На ниво на целата земја, програмата опфаќа повеќе проекти со вкупна вредност од 4.3 милиони евра. Ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Враќањето на елените на Галичица е дел од активностите кои имаат за цел да се подобри управувањето со планинските тревести екосистеми, со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија. Репродуктивниот центар и елените ќе се користат исклучиво за активно управување на овие екосистеми, а не како ловиште.

Извор/ФОТО: Охрид њуз

- Реклама -