„Ајде на брзина да завршиме со интервјуто, зашто после сум зафатен, од девет почнува Партизан“, вака 11-годишниот Јане Велковски ја пречекал екипата на „Женски магазин“ во својот дом во скопската населба Хром.
Малиот Јане месецов ја прими третата дoзa од лекот „спинраза“, за кој тој и неговите родители, заедно со родителите на уште шест деца, долго се бopea. Токму тоа му дава голема надеж дека наскоро ќе прооди и ќе може заедно со неговите соученици од „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ да заигра фудбал.
И покрај тоа што сѐ уште не стигнале да ја украсат куќата, бидејќи сѐ уште се нераспакувани од неодамнешната посета на Њујорк, каде малиот Јане одржа говор на самитот на УНИЦЕФ по повод Светскиот ден на децата, домот на Велковски свети и без новогодишни сијалички, пишува „Женски магазин“, токму благодарение на милата ѕвезда на Јане и неговото помало 8-годишно братче. Уште повеќе позитива ве чека ако го прочитате целото интервју, ТУКА.