Во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“, Фијат Цаноски, сопственик на урнатиот комплекс Космос изјави дека предолго се одложуваат рочиштата за случајот „ТНТ“. Од околу 25 рочишта во последните две години, десетина беа одложени, веројатно се надеваат дека ВМРО ќе добие и ќе се спасат преку „Сваровски судството“.
-„Се служат со сите механизми за да го одложат овој случај. Се надеваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе добие на следните избори и ќе профункционира „Сваровски судството“ и дека ќе се спасат од делата што ги направиле минатите години. Но јас сум оптимист и верувам дека правдата ќе дојде без разлика дали ќе се заврши или ќе се повтори протестот“, изјави Цаноски.
Тој рече дека не му е до финансиите по евентуалната судска развршница како оштетен, туку сака да докаже дека објектот „Космос“ не го градел на диво туку со дозвола.
Повеќе на Слободен Печат.