Да да. Не е никаква лага. Македонија ја има во Романија, поточно една цела област- шума го носи тоа име. Ова не е обична Македонија, туку специјално заштитена област на многу ретки птици кои се среќаваат само таму и никаде на светот. Лоцирана е во западнот дел на земјата, во административната територија на округот Јudețului Timiș- Тимиш.
Природното богатство е на територијата на градот Цајова, непосредна близина на националниот пат DN59.
Фантастичната и живописна област е прогласена за „област со специјална заштита“ со одлука на Владата бр. 1284 од 24 октомври 2007 година (во врска со декларацијата за посебни подрачја за заштита на птици како составен дел на европската еколошка мрежа Натура 2000 во Романија) и зафаќа површина од 4.625 хектари.
Заштитеното подрачје (опфатено во панонскиот географски биорегион) претставува природно подрачје (реки, езера, мочуришта, трусни земјишта, култивирано обработливо земјиште, листопадни шуми) со кој се обезбедуваат услови за хранење, гнездење и живеење за неколку видови на преселеници или птици кои не ја напуштаат средината (некои заштитени со закон).
Неколку заштитени птици наведени во Анекс I на Директивата на Европскиот совет 2009/147 / EC од 30 ноември 2009 година (за зачувување на диви птици) или наведени на Црвената листа на IUCN се забележани во областа на локацијата.
Небојша Толески
Целата статија прочитајте ја тука