Лингвистот Фридман и неговиот став за посебноста на македонскиот јазик ги налути Бугарите

Американскиот лингвист и славист со молдавско потекло – Виктор Фридман, кој пред два дена во интервју за „360 степени“ потегот на Бугарската академија на науки (БАН) го нарече „јазичен империјализам“ и порача дека „македонскиот јазик е различен од бугарскиот по сите лингвистички основи“, оттогаш наваму е мeтa на жecтоки напади во бугарската јавност. Што е иронично, затоа што во 1982 година токму бугарската држава го одликува Фридман со медал по повод „1300 години од Бугарија“, објави „360 степени“.

Посебно гласна во критиките е доцент Ана Кочева, која бугарското радио „Фокус“ ја претставува како „експерт за бугарска дијалектологија и лингвистичка географија“ од Институтот за бугарски јазик при БАН. Според неа, Фридман во интервјуто го користел јазикот на Коминтерната, а тоа е изненадувачки, истакнува Кочева, со оглед на молдавското потекло на Фридман и молдавската ситуација која, според неа, била иста со македонската.

„Тој совршено знае на каков начин во Молдавија е создаден молдавскиот јазик, од кој се откажаа и самите Молдавци и сега веќе прифаќаат дека тоа е романски јазик“, вели таа. Нејзините ставови, меѓутоа, не се воопшто нови. За тоа која е Кочева, за нејзиниот татко (по потекло од Струга) и за негирањето на македонскиот јазик, повеќе прочитајте на „360 степени“.

- Реклама -