На терен започна изигpyвањето на минималната плата од 14.500 денари. На текстилните работнички од Делчево им е кажано дека од 1 јануари ќе им биде укинат топлиот оброк и патните трошоци, соопшти денеска Кристина Ампева од невладината „Гласен текстилец“ од Штип.
Ампева уште еднаш повтори дека и онака добар дел од работодавачите исплаќаат само минимална плата, а прекувремена работа и работа за празници не се ни евидентира, но со новиот потег на текстилните газди, вели, од таа минимална плата текстилните работнички ќе треба да си ги покриваат и трошоците за храна и пат. Тоа значи дека и работничките од селата ќе треба сами да си го платат патот, потенцира Ампева.
Ампева го повика Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) заеднички да работат на враќање на работничките права за пат и храна, кои во 2009-та беа укинати и влегоа во склоп на бруто платата. Целата вест прочитајте ја на МИА.