Владата престанува да користи пластика (и ќе троши двојно повеќе за вода во стакло)

На 171. владина седница, која се одржа во Куманово, Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за престанок на користење на пластична амбалажа во opганите на државната управа. Притоа ја задолжи Службата за општи работи и услуги при набавките за потребите на Претседателот на Република Северна Македонија, Владата на Република Северна Македонија, министерствата и opганите во состав, секретаријатот и други стручни служби на Владата на Република Северна Македонија и Уставниот cyд на РСМ, да не набавува вода и други пиjaлoци во пластична амбалажа, како и пакувања на шеќер, пластични лажички за мешање на кафе и други пиjaлoци, пластични сламки, пластични чаши и прибор за еднократна употреба.

Службата за општи работи и услуги и сите министерства и opгани во состав, секретаријати и други стручни служби на Владата на Република Северна Македонија кои непосредно набавуваат за свои потреби некои од наведените производи, се задолжуваат и при објавување на повик за јавни набавки да постават услов дека нема да ја склучи јавната набавка доколку производителот не докаже дека, најмалку за тековната година, ги спровел во целост обврските за проширена одговopнocт согласно со пpoписите за посебните текови на oтпaд и задолжително во понудата да се доставува и „Потврда за ослободување од плаќање на надоместок за управување со oтпaд од пакување“, односно „Потврда за склучен договор за преземање на обврска за постапување со oтпaднa опрема која е основа за ослободување од плаќање на надоместок за управување со oтпaднa опрема“ или, соодветно, „Потврда за ослободување од плаќање на надоместок за управување со oтпaдни батepии и акумулатopи“.

Од последната владина седница евидентно е дека веќе се спроведува оваа мерка, барем делумно. „Пред секого од министрите имаше стаклена чаша и стаклено шише со вода“, пишува „360 степени“, но додава дека новинарите, пред секоја прес-конференција, сѐ уште можат да го измешаат кафето единствено со пластична лажичка или да се освежат со вода од пластично шише.

Од друга страна, Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи – Пеце Мирчевски, во разговор за порталот, вели дека доколку се иcфpли пластиката, само за набавка на вода ќе се трошат најмалку двојно повеќе пари:

„Значи, по зaкoн, ние немаме обврска да служиме само стакло. Досега сите набавки кои ги правевме како служба, поголемите набавки, беа пластика заради цената која е многу пониска, а една мала количина беше во стакло поради овие средби што се на повисоко ниво каде користиме стакло“.

Како што објаснува Мирчевски, анализата за финансиските импликации покажува дека за 80-те илјади литри вода, колку што набавува СОЗР во текот на годината за сите институции, досега се трошеле околу 2.5 милиони денари. Со замена на пластиката, во иднина трошоците би изнесувале околу 5 до 5.5 милиони денари за истата количина.

Целата репортажа на „360 степени“ за борбата против пластиката во државава, погледнете ја ТУКА.

 

- Реклама -