Врховниот суд шест месеци се размислува дали да ја испрати Јанкулоска зад peшeтки или да ја спаси

Екс министерката Гордана Јакулоска пред шест месеци се спаси од одењето во зaтвop, бидејќи и покрај првосилната пресуда, според која треба да одлежи 4 години зад решетки, Врховниот суд го одложи извршувањето на казната. Ваквата одлука беше донесена откако Јанкулоска поднесе барање за вонредно преиспитување на пресудата, односно Врховниот суд одлучи дека таа нема да оди зад peшeтки се додека не донесат одлука.

Врховниот суд може да ја потврди одлуката на пониските судови со тоа Јанкуловска би ја одлежала казната од 4 години. Таа се гонеше по обвинение на СЈО, за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 580.000 евра. Или пак би можеле да ја укинат пресудата и да го вратат случајот на почеток.

Поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски на овој начин се спаси од одлежување на казната од две години.  Тој во 2014 година требаше да влезе во затвор за случајот „Тенковски делови“, но Врховниот суд му ја одложуваше казната се до 2016 година, кога го врати случајот од почеток, a неодамна дојде до застарување на кривичното дело за кое се гонеше.

Повеќе на ФОКУС.

- Реклама -