Не постои недоразбирање со Елизабета Канческа-Милевска, вели за „Плусинфо“ пратеничката Емилија Александрова, откако вчера нејзината колешка Елизабета Канческа-Милеска во изјава за „Вечер“ рече дека не била консултирана и известена, ниту се сложува со барањето на Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, од која е дел, лидерот на партијата од која беа иcклyчени – Христијан Мицкоски, да поднece оставка.
Во Независната пратеничка група дозволено е секој да си го каже своето мислење, без никакви пocледици, во тоа е и убавината на демократијата, вели Александрова за „Плусинфо“ откако вчера остварила комуникација со Канческа-Милевска, додавајќи дека пратеничката група функционира беспрекорно и дека нема недоразбирање меѓу нив и колешката со поинаков став.
Меѓутоа, во јавноста продолжува да постои впечатокот дека или внатрешно недоразбирање во рамки на седумката има, или Канческа-Милевска едно зборува пред јавноста, а друго меѓу колегите. Алудираме на објавата на „Локално“ во која извори од Независната пратеничка група вчера тврдеа дека Канческа-Милеска била и консултирана, но и се сложила со одлуката да се побара оставка од Мицкоски.