По пријава од општински советник на општина Гази Баба за непријатен мирис во околина на фабрика МЗТ, дежурните екипи на Инспекторатот на град Скопје синоќа веднаш реагирале и го пронашле сторителот, соопшти Инспекторатот.
Се работи за правен субјект што работи со прекурзори. Притоа на лице место било констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна и веднаш биле преземени итни мерки за спречување на понатамошното истекување. Направен бил и записник за понатамошно постапување, додаваат од Инспекторатот на град Скопје.
Правниот субјект не поседувал елаборат за заштита на животната средина.