Во некогашната југословенска кинематографија, која низ годините беше оценувана со мошне високи оценки, посебно место заземаа партизанските филмови со кои беше овековечена ослободителната борба на народите и народностите.
Еден од овие филмови кои има посебно место кај публиката, а интересно популарен е и кај гледачите, кои се родени по кpвaвиoт распад на југословенската заедница. Се работи за „Битка на Неретва“, култниот филм во режија на Вељко Булајиќ, со кој за првпат на нашите простори е доведена холивудската елита, претставена од Софија Лорен, Омар Шариф, Орсон Велс, Јул Бринер, потоа големата светска ѕвезда од тоа време Франко Неро, како и советскиот оскаровец Сергеј Бондарчук, еднакво успешен како режисер, актер и сценарист.
Официјалниот постер на филмот го изработил славниот уметник Пабло Пикасо, кој наместо со хонорар за трудот бил исплатен со неколку шишиња вино. Секако дека и кремот на тогашното југословенско глумиште е присутен на почетокот на снимањето, што се одвива во Сараево. Тука се Милена Дравиќ и Неда Арнериќ, Бата Живојиновиќ и Борис Дворник, Драган Николиќ и Љубиша Самарџиќ. Буџетот на филмот изнесувал 12 милиони долари, со што е еден од поскапите во тоа време, но интересно „Неретва“ не е најскапиот југословенски филм, иако е убедливо најпопуларниот.
Во снимањето на филмот биле вклучени и бројни припадници на Југословенската народна армија, а од војската се донирани авиони, тенкови, оружје, артилериски орудија и школска муниција. Филмот тоа го прави грандиозен, со кадри во кои можат да се забележат и десетици илјади статисти. Во тоа време слични филмови биле само класиците „Клеопатра“ и „Бен Хур“. Затоа и тезата дека со „Неретва“ во Југославија дошол Холивуд за многумина е точна.
Битката кај Неретва е еден од петте најскапи филмови на сите времиња од неанглиско говорно подарачје, снимен според вистински настан од Втората светска војна, а буџетот за овој филм бил лично одобрен од Јосип Броз Тито.
Целиот текст прочитајте го на Слободен печат.