Поради 1.000 денари долг, за судски трошоци ќе треба да плати 90 пати повеќе, а притоа нема доволно ни да си го прехрани детето, раскажува за „А1он“ невработена самохрана мајка, учесник на протестот против извршителите пред Министерството за правда, која наскоро може да остане и без покуќнина, ако не и без покрив над главата.
„Со асистенција на полицијата ги попишаа работите во куќата на татко ми. Регали, столови, маси – сè е на продажба. Сега долгот е над 90 илјади денари, ме товарат да платам плус за трошоците за попишување. Освен што без најава ми ја блокираа сметката, сега дополнително вршат пpитиcoк и врз моите родители. Heмам излез, не знам како ќе се живee“, вели таа. Повеќе сведоштва и прилогот ќе ги најдете ТУКА.