Стевананџија: Сугаревски не си на прав пат, барај клучка што побргу да се исклучиш од овој пат

На денешната Собраниска седница во Собранието на Република Северна Македонија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија во дискусијата за автопатот- делница Кичево -Охрид му се обрати на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски упатувајќи му порака дека е на грешен пат и да бара клучка што побргу да се исклучи од тој пат.

– Другар Сугаревски не си на прав пат на грешен пат си барај клучка што побргу да се исклучиш од тој пат, клучка која што на некој начин морално скриено финансиски или не знам на кој начин ќе те спаси од она за кое што на 25 10 2013 година се правеше циркус во ова собрание. Овдека се стенограмите од сегашните и од бившите колеги од СДСМ што се зборуваа за ова законско решение, на некој му текнува на некој не но ние сме тука да ве потсетиме, нагласи Стевананџија.

Во понатамошната дискусија Стевананџија ги запраша пратениците од владиното мнозинство дали некаде во Европа постои анекс со кој што се потпишуваат 189 милиони евра?

Димитар Стевананџија истакна дека за 189 милиони евра денеска ќе имавме 189 милиони протести од шарени, од зелени од паркобрани од секакви, ќе ги гушкаа и клучките ќе ги гушкаа и автопатите. Денес ова стана нормално. Тој што критикувал денеска потпишувал. Тој што викал дека трасата е крива денес признава дека трасата е права. Тој што 2013 викал заднината во трасата е кешот денес вика добар е кешот, потенцираше Стевананџија.

- Реклама -