Нели би било убаво доколку постоеше начин сите уреди кои ги поседувате да можат да комуницираат еден со друг и да се синхронизираат за да не мора веќе да влечете кабли, адаптери, итн… Microsoft излезе со SmartGlass, апликација достапна за сите постојни уреди, со која можете да ги поврзете своите гаџети со Xbox, а со тоа и со телевизорот, создавајќи еден голем систем за забава.