Колку луѓе би се зачлениле во партија од која нема да добијат вработување, бенефиции, гледање низ прсти …

Колку луѓе би се зачлениле во партија од која:
– нема да добијат вработување
– бенефиции
– гледање низ прсти

Колку луѓе би се зачлениле во партија која:

– ќе унапредува според професионални квалитети, а не партиска книшка
– ќе ја штити животната средина и тогаш кога тоа значи намалување на профитот на членот на партијата
– ќе ги распоредува средствата за приоритетите на граѓаните, а не за приоритетите на членовите на партијата
Колку луѓе би се зачлениле во партија која:
– ги почитува и разликите кои не му се допаѓаат на членот на партијата
– бара образование кое нема да продуцира бесловесни послушници туку активни граѓани кои го преиспитуваат секој авторитет
– мисли дека носители на предучилишното и основното образование треба да бидат луѓе со препознаени квалитети

Колку луѓе би се зачлениле во партија која:

– мисли дека треба да се намали бројот на општини и бројот на пратеници и бројот на министри
– не мисли дека Скопје е исто што и Македонија
– ќе стимулира живеење на село и во помалите градови со директни бенефиции

И сето тоа кумулативно. Заедно. Не она што значи благосостојба за мене лично туку благосостојба на што е можно поголем број граѓани.
Не сум сигурна ни дали може да се формира таква партија. Уште помалку дека ќе собере доволно членови или гласови.

Ама сигурна сум дека вреди да се проба.

- Реклама -