Испорача владата, испорача државата, ама испорачува и неповторливиот Игор Џамбазов. Иако не го гледаме со нови песни толку често колку што би сакале, еве го, повторно со рефрен што ќе одбележи цел еден дефинирачки момент во постоењето на државава.
По легендарната „Каква е оваа ситуација“ од периодот на вojнaтa (или кoнфликтoт, зависи кого ќе прашате) во 2001-ва, овојпат Џамбазов зборува за сѐ што „е отидено“, за нови нaции (и луди иновации), за споменикот во боја (и Коњот од Троја), за партија (на хартија), за знамето, за мамето, за племето, за семето, за името, за презимето…
„Па, дали воопшто ни е јасно дека ние сме само овците во трлото?“, прашува Џамбазов. Слушнете: