Дека во фудбалот сѐ е можно многу пати сме се увериле, а сега знаеме и дека голман може три пати да одбрани ист пенал…
Во Боливија, на дуелот меѓу Универзитарио и Ориенте Петролер (1:1) Карлос Ервиан Ариас, голманот на Ориенте, три пати поради, според судијата, негово прерано напуштање на гол линијата мораше да брани изведување на најстрога казна. И сите три пати беше подобар од изведувачот на пеналот.