Од 1-ви јануари ќе се зголемуваат и пензиите, и тоа за 850 до 900-тина денари, соопштија денеска премиерот Зоран Заев и министерката за финансии Нина Ангеловска на заедничкат прес-конференција на која го претставија Буџетот за 2020 година.
Како што рече Заев, ова зголемување на пензиите е во рамки на законските усогласувања со дополнителен раст од 150 до 180 денари во 2020 година на номиналното зголемување на пензиите од 700 до 730 денари, а е резултат на економските параметри, односно зголемувањето на просечната и минималната плата.
Според него, буџетот за 2020 година е „скроен по мерка на граѓаните“ и претставува „вложување во луѓето и во човечкиот капитал“.
Во 2020-та Владата планира да потроши 3.9 милијарди евра. Од нив 60% ќе одат во здравството, образованието и социјалната заштита.
Дополнителните детали за зголемувањето на пензиите дополнително ќе ги соопшти министерката за труд и социјална политика – Мила Царовска, најави Заев.