Владата ретерира по реакцијата на јавноста и граѓанските организации, па на денешната 164-та владина седница го повлече предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавни собири. Истиот ќе оди на „пошироки консултации“, бидејќи од владата веруваат дека има простор за подобрување на содржината, без притоа да се попречи слободата на изразување на став на јавни простори.
Во предлог-законот, освен што се предвидуваше зголемување на минималниот број на учесници – од 20 на 50 (без притоа во меѓувреме да се дуплира бројот на населението, како што иронично забележа Героски во својата колумна), една од најспорните измени беше таа што забранува јавни собири на просторот околу седиштата на органите на државната власт.
Освен тоа, се предвидуваше и дека МВР може да го прекине одржувањето на јавниот собир доколку некој од учесниците носи opyжје или општоoпacно opyдие, но и ако користи средства на тeлoтo (лице, глава и слично) кои создаваат потешкотии при утврдување на идентитетот, но и ако учесниците со своето однесување (говор, транспаренти, облека, ознаки и други обележја) предизвикуваат било каква форма на нетpпеливост.
Една од најспорните измени, исто така, беше и онаа која го ограничуваше временскиот период во кој може да се одржува јавниот собир – односно забрануваше јавни собири во периодот од 23 до 6 часот.