Хеј Шенгени
Пишува Срѓан Ивановиќ, за „Слободен печат“
Непрегледно долги се ходниците на Елисејската палата во Париз, па тој малку се задиша додека чекореше до големата одаја, каде претходно му беше објаснето дека претседателот ги прима своите гости. Одеше тој одлучно, осврнувајќи се околу себе гледајќи ги уметничките творби закачени на ѕидовите, кои се донесени од сите делови на земјината топка за да го украсат антре-то на претседателот на француската република.
– Влезете месје Пендаровски – одсечно, но во исто време и многу чувствително му се обрати човекот од протоколот, па тој реши да послуша и пројде низ огромната двокрилна врата која го одведе во една просторија, со димензии на спортската сала „Независна Македонија“, сместена во дворот на ОУ „Невена Георгиевска-Дуња“ во Скопје. Некаде при крајот од собата, со срдечна насмевка стоеше претседателот на Франција, Емануел Макрон, човекот кој пред само три недели го кажа одлучното не, на македонското членство во Европската Унија. Чекореше возбудено нашиот претседател премотувајќи во главата со која интересна премиса да го поздрави неговиот домаќин. Мора да биде нешто неформално, но не и премногу слободно. Конечно тој стигна до Макрон, му ја стисна раката и со блага насмевка процеди.
– Здраво срцка имаш поздрав од Зоки! – Од кого? – зачудено запраша Макрон. …Целата колумна прочитајте ја ТУКА.